• понеделник, 25 ноември 2024

Николоски: Сериозно ја разгледуваме можноста за доделување лиценца за трет мобилен оператор

Николоски: Сериозно ја разгледуваме можноста за доделување лиценца за трет мобилен оператор

Скопје, 7 јули 2024 (МИА) - Сериозно ја разгледуваме можноста за доделување лиценца за трет мобилен оператор, објави вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски.

-Нашата анализа кажува дека цените за мобилната, како и за кабелската телевизија и интернет услугите се поскапи од најголем дел европски земји. На пазарот постои класичен дуопол. Затоа мора да бараме мерки да поевтинат услугите. Граѓаните да имаат подобри и поевтини услуги. Затоа потенцијално решение е трет мобилен оператор, објави Николоски на својот Фејсбук профил.

Николовски, најави дека во следниот период ќе мотивираат големи имиња од светот на телекомуникациите да се појават на македонскиот пазар. аа/бт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан