• недела, 22 декември 2024

Николоски од Струмица:Неизвесно е дали 4.400 вработени во Пошта, Македонски железници транспорт и инфраструктура ќе земат плата до крајот на годината  

Николоски од Струмица:Неизвесно е дали 4.400 вработени во Пошта, Македонски железници транспорт и инфраструктура ќе земат плата до крајот на годината  

Струмица, 8 јули 2024 (МИА) - Неизвесно е дали 4.400 вработени во „Македонска пошта“, МЖ транспорт и инфраструктура ќе земаат плаат до крајот на годината, бидејќи досегашните раководства ги потрошиле средствата за шест наместо за 12 месеци и затоа за останатите шест месеци се бориме дали воопшто овие вработени ќе можат да земат плата, изјави вечерва министерот за транспорт и врски, Александар Николоски во Струмица.

На новинарско прашање дали овие вработени ќе останат без плата, министерот рече дека нема да дозволи овие семејства да останат без плата, но, како што додаде, мора да се знае вистината.

Посочи дека според ревизорскиот извештај само за автопатот Кичево-Охрид вредноста е зголемена за 190 милиони евра, а за  Железницата рече дека нема ниту една локомотива која е во функција.

-Слично нешто се случува со експресниот пат Прилеп-Градско, којшто за време на кампањата Бочварски и Филипче го пуштаа, ама истиот не само што не е пуштен, туку Македонија може да оди на арбитража заради проблеми во реализацијата на договорот, рече Николоски.

За состојбата со изградбата на автопатиштата во државата министерот смета дека има целосни промашувања и затоа го повика МВР сериозно да ги разгледа овие случаи.

Инаку, Николоски вечерва присуствуваше на одбележувањето на 34 години од формирањето на ОК на ВМРО ДПМНЕ Струмица.рт/дма/

Фото: МИА

 

Остани поврзан