• недела, 22 декември 2024

Николоски од Богданци: Овие избори се референдум дали младите ќе останат или ќе заминат

Николоски од Богданци: Овие избори се референдум дали младите ќе останат или ќе заминат
Скопје, 7 октомври 2021 (МИА) - Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вечерва на митингот во Богданци, истакна дека овие локални избори се референдум дали младите ќе останат или ќе си одат од Македонија, и затоа е потребна масовна излезност и поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. - Јас сум убеден дека решението го имаме тука во Богданци, кандидатот и идниот градоначалник на општина Богданци, Марјан Пеев, детално ги наведе еден по еден проектите кои ќе ги реализира и познавајќи го како исклучителна вредна личност, образована и компететна личност јас сум убеден дека со неговиот тим од советници во општинскиот Совет заедно ќе ги реализираат проектите, истакна Николоски. Тој рече дека од другата страна има човек бандит, криминалец, човек со десетици пријави до Антикорупциската комисија, човек кој нема да ја добие довербата и кој ќе биде поразен на 17-ти, а од 18-ти ќе одговара. - Овие избори се референдум за иднината на Македонија, овие избори се клучни за да дадат одговор на прашањето, дали Македонија ќе ја крене главата или Зоран Заев ќе продолжи да ја пустоши и национално да ја понижува, рече Николоски во Богданци. Николоски повтори дека останувањето дома и гласањето за помали политички партии е исто како да се гласало за Зоран Заев, затоа што на Заев тоа му е целта, целта е луѓето да останат дома или да гласаат за помалите партии кои му се на финансиски список, а со тоа и тие малку граѓани кои ќе излезат да изманипулира и да се спаси, вели тој. нд/аа/

Остани поврзан