• понеделник, 23 декември 2024

Николоски: Магистралниот пат Тетово-Призрен не се гради затоа што нема изработено проект, ниту е обезбедено финансирањето

Николоски: Магистралниот пат Тетово-Призрен не се гради затоа што нема изработено проект, ниту е обезбедено финансирањето

Скопје, 25 октомври 2024 (МИА) - Министерот за транспорт и врски Александар Николоски денеска изјави дека магистралниот пат Тетово-Призрен од македонска страна не е изграден бидејќи нема изработено проект. За овој патен правец, како што посочи, идејата е да се изработи заеднички проект со Косово со кој потоа ќе се бараат финансиски средства и изведувач на градежните активности. 

Претходната влада давала изјави, но не сработила ништо. Нема никаков проект. Потпишувани се меморандуми, но проект нема. Она што јас го направив заедно со директорот на Јавното претпрјатие за државни патишта е да стапиме во контакт со косовската Влада за заеднички да изработиме проект за проектирање на тој пат на кој исто така треба да има тунел. Врз основа на тоа потоа да се бара финансирање и да се бара изведувач. Во овој момент нема ниту проект ниту финансирање, ниту изведувач, а ДУИ го претставуваше како утре да ќе биде готов, рече Николовски, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Владата. бак/ев/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан