• сабота, 23 ноември 2024

Николоски: Луѓето осудени за настаните од 27-ми април не се терористи

Николоски: Луѓето осудени за настаните од 27-ми април не се терористи
Скопје, 7 мај 2021 Во вечерашното издание на дебатната емисија „Само интервју" на Канал 5 телевизија гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој се осврна на моменталната политичка ситуација во земјата, судските одлуки за 27-ми април, лошите владини политики, како и на криминалните афери кои власта ги креира на дневно ниво. Николоски потенцираше дека судските процеси и одлуките кои биле донесени во однос на настаните на 27-ми април биле неправедни и за голем дел од судските одлуки треба да има преквалификација на делото. Тој додава дека тие луѓе не може по ниеден основ да бидат терористи, бидејќи тероризам е сериозно дело. Според Николоски, судските одлуки биле под притисок на власта, поточно од страна на Зоран Заев. Николоски смета дека за голем дел од пресудите вмешана беше власта, односно тоа беше директна освета од страна на Зоран Заев, наместо случаите да ги решава судот онака како што навистина треба. Настаните од 27-ми април беа иницирани и испровоцирани од тогашното парламентарно мнозинство кое што насилно ги туркаше точките на дневен ред во Собранието, а истовремено тој ден се пееше и туѓа химна во истото тоа Собрание. Власта знаеше дека во истиот момент има надвор толпа луѓе која што веќе седумдесетина дена протестираше и при тоа не направи никаков инцидент, но тогаш ја потпалија толпата со случувањата во Собранието и тоа беше иницијалната каписла за се понатака, додава Николоски. Насилството не треба да се премолчи, ниту пак да се премижи на тој настан, но ВМРО-ДПМНЕ бара за многу од случаите да се оди на преквалификација на делото. ВМРО-ДПМНЕ не бара амнестија, туку бара отварање и нови процеси и разгледување на случаите далеку посоодветно. Драконските казни преку кои Зоран Заев се ситеше и се осветуваше на голем број семејства, не смеат да продолжат, бидејќи и не беа реални, заврши Николоски. Николоски: Датумот за ЕУ беше само изговор на Заев и Димитров за нивната неспособност Во вечерашното издание на дебатната емисија "Само интервју" на Канал 5 телевизија гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој се осврна на моменталната политичка ситуација во земјата,  лошите владини политики, како и на криминалните афери кои власта ги креира на дневно ниво. Николоски потенцираше дека во меѓународната политика доаѓаат некои можности, кои доколку не се искористат, тие не се враќаат назад. Според него Зоран Заев одиграл потези кои што не наликуваат на сериозна држава, односно е капитулантска. Според Николоски, ветувањата на Заев беа дека доколку се промени уставното име и уште низа други работи, Македонија ќе влезе во ЕУ и НАТО, но сега гледаме дека тоа не било баш така. "Зоран Заев лиферуваше со имиња одреден период пред да се донесе ова лошо решение со името. Тој се обиде да ја протне Илинденска Македонија и уште неколку други, се со една цел, да манипулира со јавноста дека датумот е веќе тука и тој е за многу скоро време. Откако виде дека тоа име не поминува кај граѓаните и дека наиде на реакции, тој на страна од политичките партии, донесе одлука за ова име кое сега државата го носи, но уште поголем пораз е тоа што датумот не постои", вели Николоски. ВМРО-ДПМНЕ неколку пати предупредуваше дека работите не се толку едноставни како што Зоран Заев мисли, иако тој мислеше дека датумот веќе му е во џебот и се сликаше во авионот заедно со уште неколку негови соработници. Таа празна флоскула за датумот траеше од 2019 година, па дури и порано од тоа, а сега сме веќе 2021 година. Зоран Заев имаше четири шанси да почне преговори и да го продолжи патот на Македонија кон ЕУ, но наместо тоа државата само стагнира и е далеку од ЕУ од било кога во минатото, заврши Николоски. Николоски: Филипче и Заев се обидоа да набават вакцини по дупло поголема цена од фирма која тргнува со банани, кинеските власти го блокираа тоа, не чинеше илјадници животи Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во „Само интервју“ во Канал 5 телевизија, во врска со спорната набавка на вакцини истакна дека докази има како и тоа дека Заев и Филипче се обиделе да набават вакцини по дупла цена преку фантом фирма која тргува со бабани и портокали, корупција има, а тоа Македонија ја чинеше илјадници животи. -Аферата „Стабри“ значи изгубени неколку илјади човечки животи во Македонија и значи десетици илјади новозаболени, го велам ова затоа што се обидувале да земат провизии, за што има докази, вели Николоски. Власта односно Зоран Заев и Венко Филипче не набавија на време вакцини, затоа што се обидоа да земат провизии, додека земјите уште есента се бореа да набават вакцини Венко и Заев прво возеа мотори, па хеликоптери, потоа не го сменија законот во Собрание за да единствен начин за набавка на вакцините да биде преку веледрогерија, па фаворизираа одредени веледрогерии, па кога сите производители во светот им кажаа дека или ќе набавите директно како држава или нема вакцини, па дури тогаш го сменија законот во Собранието, но се изгуби периодот од септември кога сите почнаа да набавуваат до јануари, па веќе беа купени вакцините од други земји, а во меѓу време се договарале за провизии, и во јавноста одекна аферата Стабри, објасни Николоски. Тој вели дека италијанскиот весник Ла Верита изнел податоци во јавноста дека МЗ упатило писмо до Синофарм дека го овластува Стабри како посредник, а фирмата е оф шор, фантом фирма, регистрирана во Хонг Конг за трговија со јужноамериканско овошје, односно тргува со банани и портокали и лимони. На тоа Венко Филипче рече дека исплата немало за 12 ипол милиони долари, со која една вакцина ќе се набавувала за 62 долари, за веќе на 16-ти февруари Венко Филипче да исплати 66% од договорот во вредност од 7 милиони и 800 илјади долари, точно 62 ипол долари за вакцина, вели Николоски. Тој смета дека кога кинезите гледаат што се сака да направи, а јавно се достапни цените на Синофарм вакцините на интернет, го блокираат процесот затоа што не сакаат да бидат во корупциски скандал. За ова ќе се одговара – истакна Николоски.
Николоски: Македонија може да остане без експресната пруга кон Солун, само поради неспособноста на Заев и немањето проект
Во вечерашното издание на дебатната емисија "Само интервју" на Канал 5 телевизија гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој се осврна на моменталната политичка ситуација во земјата, инфраструктурната стагнација, лошите владини политики, како и на криминалните афери кои власта ги креира на дневно ниво. Николоски вели дека наместо железницата да биде реконструирана и обновена, бидејќи најчистиот превоз е всушност железницата, СДСМ се смее и се потсмева поради тоа што Николоски кажал дека неговиот сон е да се патува од Скопје до Солун за час и половина. Тој додава дека тоа е начинот на кој СДСМ е научено да функционира, а тоа е без конкретни проекти и без нивна реализација. "Доколку Зоран Заев во овој момент не приложи проекти во однос на изградбата на железницата онаму каде што ќе го повикаат, брзата пруга нема да поминува низ Македонија, па и нашите граѓани да ги имаат тие привилегии да патуваат до Солун, туку ќе сврти лево и ќе оди преку Бугарија и по реката Марица ќе оди надолу, па ќе се спушти кај Солун. Тоа е за 300 километри поголема пруга, но ќе се реализира, бидејќи Бугарија има готов проект, за разлика од Зоран Заев", вели Николоски. Доколку таа пруга не се реализира во Македонија, ние ќе останеме црна дупка. Тоа значи дека покрај оние 2 милијарди евра директна инвестиција, Македонија ќе загуби и линија која што најбрзо ќе стигнува до Солун, само поради тоа што Зоран Заев и неговите соработници се неспособни и не можат да направат проект и проектна документација, вели Николоски. Ова се големи проекти и големи придобивки за Македонија, но доколку Зоран Заев не ги искористи можностите за реализација на истите, тогаш Македонија ќе биде оставена настрана во моменти кога има зрела шанса да се поврзе со јужниот сосед преку експресна железничка пруга, заврши Николоски. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ _______________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан