• четврток, 14 ноември 2024

Николоски и Гир се заложија да ја реконструираат и вратат во функција централната Пошта

Николоски и Гир се заложија да ја реконструираат и вратат во функција централната Пошта

Скопје, 8 август 2024 (МИА) - Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир. Покрај инфорациите за тековната соработка помеѓу Владата и Делегацијата на ЕУ, стана збор и за заштитата на културното наследство во земјава. Во овој сегмент, како што соопшти Министерството за транспорт, се отвори и прашањето за реставрација на објектот на централната зграда на Македонска пошта во центарот на Скопје, како објект од културно и архитектонско значење.

На средбата присуствуваа и претставници од Министерството за културa за што во наредниот период, беше најавено, ќе се направат обиди со поддршка од ЕУ да се изврши реконстуркција и да се заштити овој објект, како и повторно да се стави во функција.

-Негрижата за културното наследство доведе до овој степен да објектите кои ни се од културолошка и архитектонска важност да останат незаштитени. Тоа нема да го толерираме. Денешната средба со евроамбасадорот Гир беше токму во таа насока, оштетениот објект на централната зграда на Пошта да го реставрираме и да го заштитиме како објект кој има културна вредност во историјата на Македонија. Тоа нема да е ниту лесен потфат ниту евтин проект. Напротив, ќе треба да се вложи многу енергија, време и пред се стручно знаење како и сериозни средства. Но централниот објект на Пошта е од огромно историско и културно значење за Македонија како еден од најзначајните објекти од времето на брутализмот и мора да биде заштитен во својата основна форма и ставен во функција, рече Николоски. мч/са/

фото: Министерство за транспорт

Остани поврзан