• недела, 21 април 2024

Николоски: Дали СДС, Ковачевски и Пендаровски го плаќаат консултантот Еисин со пари од тендерите со РЕК?

Николоски: Дали СДС, Ковачевски и Пендаровски го плаќаат консултантот Еисин со пари од тендерите со РЕК?

26 март 2024

Би сакал да ја продолжиме темата која што ја отворив минатата недела на која што до денес не добивме релевантни и кредибилни одговори во однос на улогата на спорни странски консултанти во кампањата на Стево Пендаровски на СДСМ. Имено целата мината недела  поставував прашања за улогата на Асаф Еисин во кампањата на Стево Пендаровски и на СДСМ. Добивме многу конфузни одговори, од една страна Стево Пендаровски кажа дека се среќавал со него, но рече дека бил консултант не негов туку на СДСМ, а од друга страна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека немаат таков консултант, но намерно и ненамерно можеби направи грешка кога кажа дека две други девојки работеле за него во кампањата кои што ние имаме сознанија дека се сместени во канцеларија која што се наоѓа во хотел на кејот на Вардар, во деловниот простор и се токму тие локалната поддршка на Асаф Еисин. 

Се работи за лица кои што се вработени  во ПР агенција која што има седиште за регионот во Белград, а тие се дојдени тука за да помагаат токму на ова лице. Не е тајна дека Асаф Еисин помеѓу другото е и советник или ПР експерт и на видни лица од политиката на нашиот северен сосед.

Во таа насока не добивме одговори зошто не е објавен договорот кој што СДСМ го склучила со Асаф Еисин и зошто истиот не е евидентиран како и тоа дека доколку склучиле договор за работа за на изборите се работи за тешко кривично дело имајќи предвид дека изборните сметки сеуште не се отворени и во моментот на почеток на ангажман  не ни можеле да бидат отворени затоа што формално процедурата за номинирање на кандидати, нити за претседател, нити за пратеници не беше завршено.

До нас стигаат кредибилни информации дека ова лице е плаќано на рака, односно во кеш, од средства кои што се сомнително прибавени од страна на политичката партија СДСМ, најчесто од тендерите во РЕК Битола за кои што јас лично зборував во изминатиов период.

Па, сакаме да прашаме дали можеби странскиот консултант е платен од тендерите кои што ги доби во РЕК Битола белорускиот конзул? И дали е ова начинот на кој што е исплаќан овој странски консултант? И дали контролата се прави преку лицата кои што се сместени во деловни простории на еден хотел на кејот на Вардар, да бидам попрецизен позади Градскиот стадион?

Ова се релевантни прашања на кои што јавноста не добива одговори освен првичната конфузија која што настана после изјавите на Стево Пендаровски и Димитар Ковачевски, немаме ниеден одговор.

Освен лични навреди кон мене и кон политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, ништо друго како релевантен одговор не добивме.

Јавноста мора да ги знае одговорите на овие прашања затоа што влегуваме во кампања и мора да се знае на кој начин се финансира кампањата и кој работи во истата, и кои се целите на оние кои што работат во кампањата.

Очекувам релевантни одговори на овие прашања, доколку не добиеме вакви одговори, можеби надлежните институции особено оние кои што се поврзани со мониторинг на изборите и со следење на трошење на средства на изборите треба да посериозно се позанимаваат со овој случај.

Николоски: Ангажманот на Венко Филипче во 4-ката е потенцијална лидерска битка во СДСМ, Филипче да одговори за неговата улога при набавката на вакцини, модуларната болница, и случајот Онкологија

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на Венко Филипче и ангажманот во 4-тата изборна единица истакна дека според него се работи за потенцијална лидерска битка во СДСМ по изборите и кој да го преземе раководството во СДСМ, но Венко Филипче треба да даде одговори на многу прашања во јавноста како за набавката на вакцини, модуларната болница во Тетово, случајот Онкологија и многу други.

„Па од она што можев да го видам од неговиот прв јавен настап по објавувањето на кандидатурата можам да видам дека се работи за потенцијална лидерска битка во рамки на СДСМ а и тоа е тоа што се зборува низ 4 -ката од луѓето кои што него го поддржуваат дека после изборите се надева да го преземе раководењето на СДСМ и дека затоа влегува во оваа изборна трка. Тоа си е работа на СДСМ јас немам што да се мешам тука но она што мислам дека јавноста сериозно ќе ја интересира е од како Венко Филипче избега од јавноста во последните неколку години, да даде одговори на неколку суштински прашања. Прво каде е тој во однос на модуларната болница во Тетово која што изгоре и 14 човечки животи кои што беа загубени таму, второ што мисли за тоа што Македонија имаше меѓу највисоките смртности во корона пандемијата, трето каква е неговата улога при набавката на вакцини преку сомнителни фирми од Хонг Конг за трговија со јужно овошје, четврто каква е неговата улога во процесот на приватизација на стерилизацијата во сите Јавно здравствени установи во Македонија, петто  дали се обидувал или не една приватна болница во Македонија на сила или под притисок да биде продадена на еден бизнисмен од Албанија, шесто мислам дека е фер да одговори на јавноста каква е неговата улога во случајот Онкологија и семејството Пановски и  ќе застанам тука мислам дека е доволно за старт“, истакна Николоски.

Линк од видео материјал:
https://www.youtube.com/watch?v=oP-MXAfxUDE
https://we.tl/t-ZOe6LBa4CI

 Прес конференција на Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан