• недела, 22 декември 2024

Николоски: Граѓаните на Ново Село да не подлегнуваат на притисоци и заплашувања и масовно да излезат да гласаат

Николоски: Граѓаните на Ново Село да не подлегнуваат на притисоци и заплашувања и масовно да излезат да гласаат
Ново Село, 28 октомври 2021 (МИА) - Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски упати повик до сите кои што живеат во Ново Село да излезат масовно на избори, затоа што, како што вели, тоа е нивно право, да не паѓаат на црна кампања, ниту на заплашување, ниту на уцени. -И да им порачам на оние кои што ги прават уцените и заканите и притисоците дека ќе одговараат затоа што е тоа тешко кривично дело согласно изборниот законик. Одговорност ќе има, ве знаеме сите од прв до последен, а граѓаните масовно да излезат и да гласаат затоа што проектите на ВМРО-ДПМНЕ, на Ѓорѓе Божинов се она што му треба на Ново Село. Тоа е новата иднина на Ново Село, порача Николоски. Додаде дека на 31 октомври е убеден дека Ѓорѓе Божинов ќе стане нов градоначалник на Ново Село. -Има бројни проекти во неговата програма за кои што сум убеден дека ќе ги реализира, а после завршувањето на локалните избори и извесната промена и на централната власт и едно ново парламентарно мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ заеднички ќе соработуваат локалната и централната власт со цел да се реализираат бројни проекти, потенцираше потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Николоски. Кандидатот за градоначалник на Ново Село од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Божинов ги повика граѓаните да ја потврдат победата од првиот круг и заедно да создадат нова иднина, со реални промени и проекти кои ќе го подобреле живеењето на жителите на Ново Село. -Ги повикувам граѓаните да знаат дека зад параванот се сами и да не подлегнуваат на притисоци и уцени кои ги користи власта, рече Божинов. рт/вг/

Остани поврзан