• понеделник, 25 ноември 2024

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи само мерките кои се во корист на граѓаните

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи само мерките кои се во корист на граѓаните
Скопје, 16 октомври 2022 Ние понудивме 5 мерки и тие од тие мерки власта не прифаќа за жал ниедна, и гледаме со какво фијаско и со каков колапс се соочува економијата. Она што ние го кажавме во јавност ништо не е реализирано. Прва мерка предлагаме ноќните вишоци и вишоците на произведена струја од ЕЛЕМ во текот на викендите да се дадат на македонското стопанство, тоа може со одлука на ЕЛЕМ и влада и тука нема потреба од закон, изјави Александар Николоски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ за „Тема на денот“ во дневникот на Сител. Николоски во однос на недела неработен и критиките од синдикатите посочи дека ВМРО-ДПМНЕ не бара да нема слободен ден, туку слободен да се избере некој друг за да може во недела компаниите да користат поевтина струја и да не пропадне стопанството. - Во однос на слободен ден ние рековме, да може било кој ден да не се работи, работодавачот да одбере кој ќе биде, да има неработен ден, но да не  е недела за да е поевтина струјата. Од синдикатите треба да се свесни дека ако останат вакви работите, ќе мора да излегуваат на улица затоа што стотици илјади нивни членови ќе останат без работа затоа што компаниите нема да може да плаќаат, ќе затворат компаниите, рече Николоски. Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ предлага викенд без ДДВ затоа што во продавниците основните производи се зголемени од 50 до 100%, тоа сите го знаеме. - Исто така предлагаме одложување на скалестиот данок, затоа што тоа директно ќе удри по фирмите и по граѓаните. И ослободување на благајничките записи од Народна банка со цел т.н. евтини пари да влезат во стопанството и тоа да се задвижи. Мора да сфатат сите дека ако не го задржиме стопанството во кое работат околу 680.000 луѓе ќе колабира државата, истакна Николоски Николоски потенцира дека ако тие не работат тие 680.000 луѓе нема да земаат плата, потоа вработените во јавната администрација нема да земаат плата бидејќи ќе нема кој да плаќа даноци, пензионерите нема да може да земаат пензии и ќе колабира државата, а за жал од власта не преземаат ништо. - ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи мерките кои што се во корист на граѓаните, кога ќе дојдат во Собрание ние ќе гледаме една по една мерка и ќе се изјасниме за да не се случуваат манипулации.  На пример задолжувањата се манипулативни, не кратат од дискреционите овластувања, продаваат евтина пропаганда за намалување на плати во одредени сектори на администрација, ама не сакаат да намалат од скоро 700 милиони евра кои ги има Генералниот секретаријат кои ги има како дискреционо право на трошење оваа година. Двајца поранешни генерални секретари на оваа влада на СДСМ и ДУИ се пред суд заради криминал и продолжуваат да им оставаат по 700 милиони евра годишно. Оттаму да скратат цела криза ќе се реши, изјави Николоски. Николоски: Ако е власта чесна ќе го поддржи Законот за здруженија на граѓани и фондации на ВМРО-ДПМНЕ  Ние предлагаме закон со кој ќе се спречи контроверзни имиња да бидат имиња на здруженија на граѓани, да се злоупотребува правото на граѓаните да се здружуваат. Тоа ќе важи и за веќе регистрираните здруженија во моментов во Македонија, такви има две и во најава е уште едно, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за „Тема на денот“ во Дневникот на Сител. Николоски посочи дека она што  е исто така значајно е дека ВМРО-ДПМНЕ го поднесува законот после 3 месеци ветување на власта дека ќе поднесе ваков закон и откако 3 месеци не поднесоа ваков закон, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го поднесува. - Се надевам дека ќе го поддржат, но морам да кажам дека сум скептичен. Прво законот е утре дури 20 точка на дневен ред, и второ пред него се ставаат точки коишто доколку има власта чесна намера да се донесе законот, нема да се стават, односно би се ставиле на друга седница. Тоа е избор на министер во владата, се однесува на предлогот за Ристо Пенов, и една незаконска одлука за избор на уставни судии. Морам да кажам дека ова што сакаат да го направат е печат злоупотреба на службена положба и овластување и карта во еден правец за осудителна пресуда за претседателот на Собранието и за претседателката на комисијата за избори и именување, рече Николоски. Николоски истакна дека власта на дневен ред става избор на двајца уставни судии, во услови кога расправата во рамки на матичната комисија за избори и именување не е завршена и јасно е дека расправата треба да заврши за сите предлози, да се изјасни комисијата кој од тие предлози поддржува и после да оди на пленарна седница. - Ова е невидено во македонскиот парламентаризам и овде не ги штити никаков имунитет. Ние жестоко ќе се спротивставиме, но утре за ова кривично ќе се одговара. Таа точка треба да се избрише целосно затоа што е незаконска. Како и за секое кривично дело ако некој е спремен да го направи го прави, но треба да е спремен за последиците, посочи тој. Во однос на законот за здруженија на граѓани и фондации, Николоски нагласи дека ако е власта чесна треба да го стави прва точка, па после тоа да се гледаат другите точки. Тој потенцираше дека со овој закон нема да може да ги користат имињата кои ги користат сега како Цар Борис, Цар Фердинанд итн и додаде дека власта не го испитува испита потеклото на финансиите и начинот на кој се финансираат овие здруженија. - Тие не се финансирани ниту од членовите на здруженијата, ниту преку бугарското МНР, туку од една фондација каде главен финансиер и сопственик е еден бугарски тајкун, главно присутен во медицинскиот бизнис, кој хара низ Македонија. Клучното прашање и за Агенцијата за разузнавање, агенција за национална безбедност и финансиско разузнавање е што прават овие три институции и зошто спијат? Основен опис на работа им е заштита на уставноправниот поредок на Македонија, а поголем упад од овие територијални, јазични, културни, народни претензии  и оживување на фашизмот, што може да биде друго? Директно се удира во темелите на државата, изјави Николоски. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ   ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан