Николоски: Автопатот Гостивар - Букојчани го градиме интензивно, 17 километри се веќе пробиени
- Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски објави дека автопатот Гостивар - Букојчани се гради интензивно и оти 17 километри со кои се заобиколува популарната „Стража" се веќе пробиени.
Скопје, 1 декември 2025 (МИА) - Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски објави дека автопатот Гостивар - Букојчани се гради интензивно и оти 17 километри со кои се заобиколува популарната „Стража" се веќе пробиени.
-Интензивни градежни активности на автопатот Гостивар - Букојчани, дел од Коридор 8, делница Скопје - Струга - Охрид. Веќе 17 километри се пробиени со кои се заобиколува популарната „Стража“. Ја градиме Македонија!, напиша Николоски на својот фејсбук профил каде објави и видео.сст/вј/
Фото: Министерство за транспорт