• недела, 22 декември 2024

Николоски-Габриел: Владата е силно фокусирна на реализација на капитални инвестиции

Николоски-Габриел: Владата е силно фокусирна на реализација на капитални инвестиции

Скопје, 16 јули 2024 (МИА) - Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски оддржа работна средба со Бјорн Габриел, претставник на Европската инвестициона банка, со кој разговараше за реализација на капиталните инвестиции и можноста за финансиска поддршка за истите од страна на ЕИБ, информираат од Министерството за транспорт.  

Министерот Николоски истакнал дека Владата преку Министерството за транспорт е силно фокусирана на реализација на крупни капитални проекти што се од економско значење за домашната економија и регионалното поврзување.  

Тој изразил благодарност за досегашната соработка, нагласувајќи ја важноста од поддршката што ја овозможува ЕИБ за реализација на капиталните проекти, притоа изрази целосна подготвеност за продолжување на таквата соработка и во наредниот период за проекти од заеднички интерес. 

-Европската Инвестициона Банка е долгогодишен партнер на Македонија во изградба на капитални добра со кои ја подобруваме инфраструктурата и квалитетот на живот на граѓаните, истаканал министерот Николоски по средбата.

Тој верува дека таквата соработка ќе продолжи и во наредниот период од причина што владината програма предвидува сериозни проекти во инфраструктурата. сст/нд/

фото МИА архива

Остани поврзан