• сабота, 21 декември 2024

Николовски: Преку модерно земјоделство можеме да ја постигнеме целта за поголеми количини храна

Николовски: Преку модерно земјоделство можеме да ја постигнеме целта за поголеми количини храна

Скопје, 22 јуни 2023 (МИА) - Подготвен е Национален план за производство на храна, преку кој го поддржуваме домашното производство на храна. Од оваа година, преку седум нови програми за поддршка, обезбедивме грантови до 10.000 евра за развој на малите производители на храна и пијалоци, поддржувајќи ги во набавка на опрема за производство, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, кој учествува на Меѓународниот самит „Зелена Транзиција – Централна и Источна Европа“ во Софија.

Николовски ги презентира мерките што Министерството ги креира за поддршка за домашното производство преку Националниот план за производство на храна и програмите за поддршка на малите индивидуални земјоделци, со цел обезбедување на доволни количини храна, достапни за граѓаните.

Како што посочи,Северна Македонија била единствената земја во регионот која подготвила Интервентна програма за поддршка на земјоделците во услови на тешка светска криза.

-Најзначајна мерка од Интервентната програмата беше поддршката до 40 отсто при набавка на вештачко ѓубриво за производителите на житни култури. Оваа мерка даде одлични резултати, ја искористија повеќе од 12.000 земјдоелци, остваривме зголемен принос на житни култури, со многу поголем квалитет. Во таа насока, Интервентната програма ја продолживме и оваа година со дуплиран буџет, каде имаме отворена програма, за да можеме во секое време каде ќе се појави потреба од интервенција да биде креирана интервентна мерка за поддршка на земјоделците, истакна Николовски.

Додаде и дека преку иницијативата „Отворен Балкан“ се отворија трговските текови, задржувајќи ја регионалната стабилност и економскиот развој на трите држави членки на оваа иницијатива.

- Државите во светот се соочуваат со многу предизвици при креирањето на земјоделската политика. Соочувањето и решавањето на овие предизвици влијае на земјоделското производство и бара заеднички напор и комбиниран пристап на подобрено управување со природните ресурси, истражување и иновации, поддршка на малите земјоделци и негување директни односи меѓу земјоделците и потрошувачите. Овој пристап не само што ги зајакнува локалните економии, туку и го подобрува пристапот до свежа, хранлива и безбедна храна за сите граѓани, се наведува во соопштението од Министерството за земјоделство. бт/бак/

Фото/ Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Остани поврзан