Николовски очекува зголемување на откупната цена на тутунот
- Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски очекува зголемување на откупната цена на тутунот за разлика од минатата година. Овој оптимистички став го искажа одговорајќи на новинарско прашање во Пробиштип за откупната цена на тутунот. Тој имал и средба со компаниите кои го откупуваат тутунот во земјава.
Пробиштип, 1 декември 2023 (МИА) - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски очекува зголемување на откупната цена на тутунот за разлика од минатата година. Овој оптимистички став го искажа одговорајќи на новинарско прашање во Пробиштип за откупната цена на тутунот. Тој имал и средба со компаниите кои го откупуваат тутунот во земјава.
-Јас очекувам зголемени откупни цени од минатата година, без да се мешаме во деловните политики на овие компании, коишто нели се претежно со странски капитал.Ние праќаме порака дека трудот на тутнопроизводителите треба да се цени и дека очекуваме, заради тоа што имаме помал принос оваа година и заинтересираност кај компаниите во поглед на откупот на тутунот очекувам дека ќе бидат склучени анекси со коишто цените коишто веќе се договорени ќе бидат зголемени, вели Николовски.
Тој посочи дека тутунот најмногу влијае на извозот на земјоделските производи и од 2017 година даваат максимална поддршка на тутнопроизводителите. вдј/са/
Фото: МИА