Николовски на Берлинската Конференција: Подготвени сме заеднички да ги ублажиме последиците од климатските промени
- Скопје, 21 јануари 2023 (МИА) - Глобалните кризи бараат глобален одговор и акција. Подготвени сме заеднички да ги ублажиме последиците од климатските промени и исцрпувањето на природните ресу
Скопје, 21 јануари 2023 (МИА) - Глобалните кризи бараат глобален одговор и акција. Подготвени сме заеднички да ги ублажиме последиците од климатските промени и исцрпувањето на природните ресурси, а истовремено и да ги задоволиме потребите за исхрана на нашето население, истакна во своето обраќање министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, кој денес учествува на 15-тата Берлинска Конференција на министрите за земјоделство, која се одржува во рамки на меѓународниот саем Зелена Недела во Берлин.
Како што соопштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, на годинешната Берлинска Конференција 70 министри за земјоделство од целиот свет, разговара како да ја подобрат соработката и заеднички да создадат одржливи глобални системи за храна.
Тие заеднички го утврдија и текстот на финалното коминике за заеднички одговор на глобаните кризи, нагласувајќи ја важноста од преземање навремени и брзи активности за справување со актуелната криза со храна, со цел да се постигнат одржливи системи за храна.
- Истражувањата, иновациите, дигиталните решенија како и размената на искуства можат да придонесат многу за воспоставување на систем за храна отпорни на кризи. Преку одговорна чесна работа, можеме да го зачуваме биодиверзитетот, здравјето на почвата како и нашите традиционални култури. Ајде заедно да работиме и соработуваме, и да ги подобриме земјоделските и прехранбени производи со што ќе му овозможиме на цело население пристап до здрава и безбедна храна, истакна во своето обраќање министерот Николовски.
Од министерството известуваат дека министерот Николовски заедно со министрите за земјоделство од Западен Балкан учествувал на состанокот со Постојната работна група за регионален рурален развој SWG-RRD каде дебатираа за трансформација на системите за храна како глобален одговор на повеќекратните кризи во контекст на Зелената Aгенда за Западен Балкан. сх/