• понеделник, 23 декември 2024

Николовски: Значаен е договорот со Украина со кој ќе имаме бесцарински извоз на нашите земјоделски производи

Николовски: Значаен е договорот со Украина со кој ќе имаме бесцарински извоз на нашите земјоделски производи

Скопје, 19 јуни 2023 (МИА) - За нас значаен е договорот со Украина со кој ќе имаме бесцарински извоз на нашите земјоделски производи, ратификуван од двете страни, како и Програмата за откуп на овошје, при што за првпат ќе се откупува праска, кајсии и многу други домашни македонски производи, а во следните 28 недели секое дете ќе добива по 1 килограм здрав македонски домашен појадок овошје и зеленчук, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Тој денеска по увидот на санација на систем за наводнување „Макарија“ кај Росоман, во одговор на новинарско прашање како државата ги штити земјоделците по поплавите, посочи дека државата во секој поглед им помага на земјоделците, а општините се тие кои ги активираат механизмите согласно Законот за заштита и спасување. Надлежност на општините е да формираат Комисии.

-Комисиите излегуваат на терен и одговараат на барањата на земјоделците. Се прават елаборати, се докажува штетата од поплавите и согласно постапката, се утврдуваат елаборати. Советот откако ќе ги усвои, ги доставува до Владата. Ние постапуваме во секој поглед, се исплаќаат штети по однос на сите општини и посебно во овој регион сме покажале исплати на штети кон Росоман, кои одат експресно брзо веднаш штом ќе бидат извршени постапките, рече Николовски.

Тој исто така информираше дека Владата ја усвои интервентната програма, односно интервентниот фонд.

-Минатата година до овој момент имавме драстично поголем број на мерки кои што беа усвоени и кои се кои што беше побарано интервентно да реагираме дали е тоа за зголемената цена на вештачкото ѓубриво, дали е дополнителна поддршка за млеко и за откуп на други земјоделски производи. Оваа 2023 година до сега имаме утврдено само една мерка. Тоа говори дека највисоките откупни цени кои се постигнаа кај тутунот, кај лозјето, кај житните култури особено минатата година и кај оризот кој доживеа историски највисока цена, се рефлектираа токму оваа година, каде немаме потреба, а имаме средства, додаде Николовски.

Тој информираше дека со Украина е потпишан договорот за слободна трговија во делот на земјоделството, кој што е ратификуван во македонското Собрание, но и во Украина.

-Ова значи дека наскоро ќе имаме без царински извоз на сите оние приоритетни наши култури, кои сме ги определиле, сите оние кои се извозно ориентирани, а се дел од овој договор, а тоа е потрвда дека не седиме, туку отвораме нови можности особено пазари кои се огромни, додаде Николовски. бт/свд/

Фото/ Принтскрин

 

Остани поврзан