Никола Миротиќ позитивен на коронавирус
- Суперѕвездата на кошаркарскиот клуб Барселона, Никола Миротиќ, денес објави дека му е дијагностициран коронавирус.

Барселона, 13 октомври 2020 (МИА) – Суперѕвездата на кошаркарскиот клуб Барселона, Никола Миротиќ, денес објави дека му е дијагностициран коронавирус.
Миротиќ истакна дека се чувствува добро и е изолиран. Тој ќе го пропушти мечот од 3. коло во Евролигата против Валенсија.
Претходно, тренерите Шарунас Јасикевичиус и Дариус Масколиунас имаа позитивни тестови.
Вчера каталонскиот тим информира дека главниот тренер на тимот се излекувал.
Евролигата мораше да откаже два натпревари на екипите на Химки и Вилербан кои имаат потешкотии при регрутирање на минималниот број играчи во составот, поради пандемијата на коронавирус. зс/