Нигерија би ја поздравила американската помош за борба против исламистичките бунтовници доколку не биде нарушен нејзиниот суверенитет
- Нигерија денеска изјави дека би ја поздравила американската помош за борба против исламистичките бунтовници сè додека не го наруши нејзиниот суверенитет.
Абуџа, 3 ноември 2025 (МИА) - Нигерија денеска изјави дека би ја поздравила американската помош за борба против исламистичките бунтовници сè додека не го наруши нејзиниот суверенитет.
Коментарите дојдоа како одговор на заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за воена интервенција поради, како што рече, насилство врз христијаните во западноафриканската земја.
-Ја поздравуваме американската помош, под услов да го почитуваат нашиот територијален интегритет, изјави Даниел Бвала, советник на нигерискиот претседател Бола Тинубу.
Советникот ги намали тензиите меѓу двете земји, и покрај тоа што Трамп ја нарече Нигерија „срамена земја“.
-Не го сфаќаме ова буквално затоа што знаеме дека Доналд Трамп има добро мислење за Нигерија, рече Бвала. „Уверен сум дека кога двајцата лидери ќе се сретнат, ќе постигнеме подобри резултати во нашата заедничка решеност да се бориме против тероризмот“, додаде советникот.
Експертите веруваат дека сите евентуални американски воздушни напади најверојатно ќе бидат насочени против мали групи џихадисти расфрлани на голема територија - задача што ќе биде уште потешка, со оглед на тоа што минатата година САД го повлекоа својот воен контингент од Нигер, кој граничи со Нигерија.
Исламистичките бунтовници ги преминуваат границите со соседните земји - Камерун, Чад и Нигер, што, според експертите, ќе бара од САД да побараат помош од нигериската војска и влада, помош за која Трамп се закани дека ќе ја запре. мс/
фото: МИА архива