• четврток, 26 март 2026

Нигериската армија елиминира најмалку 35 џихадисти

Нигериската армија елиминира најмалку 35 џихадисти

Лагос, 24 август 2025 (МИА) – Нигериската армија соопшти дека при вчерашниот воздушен напад во близина на границата со Камерун елиминирани се над 35 џихадисти.

- Врз основа на повеќе разузнавачки информации од различни извори, извршени се прецизни напади, неутрализирајќи повеќе од 35 милитанти на четири идентификувани локации, соопшти нигериската армија.

Нигерија повеќе години се обидува да го задуши бунтот предводен од исламистичката вооружена група Боко харам и нејзината подружница, Исламска држава западноафриканска провинција. Боко харам изминатиот период повторно презема напади во североисточниот дел на Нигерија. ми/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан