• недела, 19 мај 2024

Нигериецот Олаосебикан нов фудбалер на Брера

Нигериецот Олаосебикан нов фудбалер на Брера

Струмица, 14 јануари 2024 (МИА) – Македонскиот фудбалски прволигаш Брера Струмица ги засили своите редови за вториот дел од сезоната со 23-годишниот нигериски интернационалец Ибрахим Олаосебикан.

Станува збор за централен играч за врска кој минатата година настапуваше за литванскиот прволигаш Судова за кој одигра вкупно 34 натпревари, запишувајќи два гола и три асистенции.

-Воодушевен сум што сум овде во Струмица. Ви благодарам за топлиот прием за моето доаѓање. Тука сум да го поддржам тимот за да заедно ги постигнеме целите. Верувам дека моите извонредни вештини ќе бидат одлично дополнување на тимот, изјави денеска нигерискиот фудбалер за официјалниот сајт на струмичкиот прволигаш.

Олаосебикан својата кариера ја почна во нигерискиот Реал Сафире, пред да се пресели 2021 година во Литванија каде настапуваше и за Хегелман, тимот кој беше противник на Шкупи во второто квалификациско коло оваа сезона во Конференциската лига. ег/ев/

ФОТО: Архива 

Остани поврзан