• недела, 16 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Нејмар: Се чинеше дека моето враќање е блиску, но нема да можам да го носам дресот на Бразил

Нејмар: Се чинеше дека моето враќање е блиску, но нема да можам да го носам дресот на Бразил

Сантос, 15 март 2025 (МИА) - Напаѓачот на Сантос, Нејмар го коментираше неговото исклучување од бразилската репрезентација за мартовските натпревари.

- Се чинеше дека враќањето е блиску, но за жал нема да можам да го носам дресот со најголема тежина на светот во моментов! Имавме долги разговори и сите знаат колку сакав да се вратам, но дојдовме до консензус и решивме да не ризикуваме и подобро да се подготвам за целосно да се рехабилитирам по повредата! Тоа е дел од процесот. Ви благодариме на сите што испративте пораки за поддршка, напиша Нејмар на социјалните мрежи.

Триесет и тригодишниот Бразилец играше на седум натпревари откако дојде во Сантос од Ал-Хилал на 31 јануари, постигнувајќи три гола и исто толку асистенции.

Репрезентацијата на Бразил ќе игра во квалификациите за СП 2026 година на 21 март против Колумбија и на 26 март против Аргентина. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан