Нејмар кажа „да“ за враќање во татковината
- Се чини дека на бразилскиот ас Нејмар му се одбројани деновите во Ал-Хилал, а подолго време се зборува за враќање во родниот Бразил, односно во клубот Сантош. Фудбалерот наводно се согласил на овој трансфер, но двата клуба треба да постигнат договор.
Сантош, 27 јануари 2025 (МИА) - Се чини дека на бразилскиот ас Нејмар му се одбројани деновите во Ал-Хилал, а подолго време се зборува за враќање во родниот Бразил, односно во клубот Сантош. Фудбалерот наводно се согласил на овој трансфер, но двата клуба треба да постигнат договор.
Нејмар наводно кажал дефинитивно „да“ за клубот во кој порасна. Не е тајна дека неговата желба веќе некое време е да се врати во татковината, а сега се чини дека тоа враќање ќе се случи.
Сега доаѓа можеби потешкиот дел од работата. А тоа е да се направи договор за раскин на договорот со Ал-Хилал. Претходните вести укажуваа дека Бразилецот не е подготвен да се раздели со парите кои ги заработува. Уште повеќе, тој бара целосна исплата на неговиот договор иако одигра само два натпревари за Ал-Хилал.
Се очекува работите да се забрзаат во наредните денови, бидејќи во интерес на сите три страни е успешно да се стави крај на оваа сага. Ал-Хилал да го растерети буџетот, Нејмар да оди некаде за да почне да се враќа во форма за да има шанса да го исполни сонот да го води Бразил на Светското првенство следната година, а Сантош што поскоро да добие големо засилување. дс
Фото: Архива