• петок, 22 ноември 2024

Неуспешен обидот за импичмент на претседателот на Еквадор

Неуспешен обидот за импичмент на претседателот на Еквадор
Кито, 29 јуни 2022 (МИА) - Парламентот на Еквадор, каде доминира опозицијата, не успеа да собере доволно гласови за импичмент на десничарскиот претседател Гиљермо Ласо, откако продолжија протестите на домородното население против високите трошоци за живот. Предлогот доби 80 од потребните 92 гласа за Ласо да биде отстранет од должноста. Седницата на Парламентот можеше да се следи на социјалните мрежи. бд/сд/

Остани поврзан