• петок, 22 ноември 2024

Нетанјаху: Убиството на хуманитарците беше ненамерно, тоа е трагичен инцидент

Нетанјаху: Убиството на хуманитарците беше ненамерно, тоа е трагичен инцидент

Ерусалим, 2 април 2024 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска го нарече „трагичен инцидент“ убиството на седумте членови на хуманитарната организација „Светска централна кујна“, странски државјани убиени во напад на израелската армија.

„За жал, вчера се случи трагичен инцидент. Нашите сили ненамерно погодија невини луѓе во Појасот Газа“, рече израелскиот премиер во видео порака.

„Тоа се случува во војна. Ние темелно го истражуваме тоа, ние сме во контакт со владите (на странците кои загинаа) и ќе направиме се за да спречиме тоа да се повтори“, додаде Нетанјаху.

И портпаролот на израелската армија, Даниел Хагари, најави отворање на темелна истрага за инцидентот, велејќи дека  „Светска централна кујна“ игра „клучна улога во снабдувањето со храна за луѓето на кои им е потребна“, и дека израелската армија е „професионална армија посветена на меѓународните закони. "

Членовите на  „Светска централна кујна“ беа убиени во понеделникот додека патуваа во зоната без конфликт во две оклопни возила со логото на организацијата. И покрај координирањето на движењето со израелската армија, конвојот бил погоден додека го напуштал складиштето во Деир ал Балах, се вели во соопштението на хуманитарната организација.

Седуммина од убиените се државјани на Австралија, Полска, Велика Британија, едно лице е со двојно државјанство на САД и Канада, а едно лице е од палестинската самоуправа. паг/

 

 

Остани поврзан