Нетанјаху тврди дека Израел го убил Мохамед Синвар, наводниот лидер на Хамас
- Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел го убил Мохамед Синвар, кој се смета за лидер на палестинското исламистичко движење Хамас во Појасот Газа.
Тел Авив, 28 мај 2025 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел го убил Мохамед Синвар, кој се смета за лидер на палестинското исламистичко движење Хамас во Појасот Газа.
„Ги протеравме терористите од нашата територија, насилно влеговме во Појасот Газа, елиминиравме десетици илјади терористи и го елиминиравме Мохамед Синвар“, рече Нетанјаху за време на седницата на Парламентот.
Израелската армија објави дека на 13 мај го погодила „командниот и контролниот центар на Хамас сместен во подземен објект, под Европската болница во Кан Јунис“, во јужниот дел од Појасот Газа.
Според израелските медиуми, цел на тој напад бил Мохамед Синвар, братот на Јахја Синвар, поранешниот лидер на Хамас, кој беше убиен од израелската армија во октомври 2024 година во Рафа, во јужниот дел од Појасот Газа. Јахја Синвар се смета за главен архитект на нападот врз Израел од 7 октомври 2023 година од страна на Хамас, со кој се започна војната во Газа. зш/
фото ЕПА