• петок, 05 декември 2025

Нетанјаху: САД и Израел ќе продолжат да дејствуваат заедно

Нетанјаху: САД и Израел ќе продолжат да дејствуваат заедно

Ерусалим, 15 септември 2025 (МИА) - САД  и Израел ќе продолжат да дејствуваат заедно и взаемно да се бранат, изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на заедничката прес-конференција со американскиот државен секретар Марко Рубио, јавија британските медиуми.

Посетата на Рубио на Ерусалим доаѓа во услови на тензии со другите американски сојузници на Блискиот Исток по нападот на Израел врз лидерите на Хамас во Катар и проширувањето на населбите на окупираниот Западен Брег.

-Посетата на Рубио е јасна порака дека Америка стои со Израел во борбата против тероризмот, рече Нетанјаху.

Американскиот државен секретар утре ќе го посети Катар, јави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на двајца владини претставници на Блискиот Исток.

Израелскиот премиер на брифинг изјави дека  исклучува нови напади врз лидерите на Хамас.

Од своја страна, Марко Рубио нагласи дека чекорите кон признавање на палестинската државност немаат никакво влијание врз пристапот на САД кон палестинска држава.

Марко Рубио, исто така, повика на разоружување на палестинската вооружена група Хамас.

„Хамас мора да престане да постои како вооружена организација што може да го загрози мирот и безбедноста во регионот“, рече Рубио.

Тој додаде дека Вашингтон ќе продолжи да врши максимален притисок врз Иран, кој ги поддржува палестинските групи.сд/

фото: ЕПА

Остани поврзан