• петок, 05 декември 2025

Нетанјаху: На Израел му е потребна голема армија, преминавме од ограничување кон иницијатива

Нетанјаху: На Израел му е потребна голема армија, преминавме од ограничување кон иницијатива

Тел Авив, 3 ноември 2025 (МИА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека на Израел му е потребна голема армија, со резервни формации во нејзиното јадро.

- Резервните сили се фундаментална компонента, клучен елемент. Ни треба голема, силна, а воедно и паметна армија, рече Нетанјаху на конференција со високи резервни офицери, на која присуствуваа и министерот за одбрана Израел Кац и началникот на Генералштабот на израелските одбранбени сили, генерал-потполковник Ејал Замир, јави „Тајмс оф Израел“.

Според него, децении пред нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година, израелската армија ги затвораше резервните единици, движејќи се кон „мала, паметна“ армија заснована на високо обучена сила од активни регрути. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан