• четврток, 02 јануари 2025

Нетанјаху му нареди на Мосад да подготви план за спречување немири на спортски настани во странство

Нетанјаху му нареди на Мосад да подготви план за спречување немири на спортски настани во странство

Тел Авив, 8 ноември 2024 (МИА) – Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху денеска и нареди на шпионската агенција Мосад да подготви план за спречување на немири и насилство во странство.

Неговата одлука уследи по судирите откако заврши вчерашниот фудбалскиот натпревар помеѓу холандски Ајакс и израелскиот Макаби Тел Авив во Амстердам, при што се уапсени 62 лица.

- Им наложив на шефот на Мосад (на Давид Барне) и на другите официјални лица да ги подготват нашите правци на дејствување, нашиот систем за тревога и нашата организација за новата ситуација, истакна Нетанјаху. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан