• петок, 05 декември 2025

Нетанјаху: Дадов инструкции за преговори за ослободување на сите наши заложници

Нетанјаху: Дадов инструкции за преговори за ослободување на сите наши заложници

Ерусалим, 21 август 2025 (МИА) – Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху вечерва изјави дека дал „инструкции веднаш да се почнат преговори со цел ослободување на сите“ израелски заложници во Газа.

Тој посочи дека тоа е одговор на новиот предлог за примирје претставен од посредници.

- Дадов инструкции веднаш да се почнат преговори за ослободување на сите наши заложници и да се заврши војната под услови прифатливи за Израел, истакна Нетанјаху.

Тој додаде и дека се подготвува да ги „поддржи“ плановите на израелската армија за освојување на градот Газа. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан