Нетанјаху го осуди насилството врз навивачите во Амстердам како однапред смислен антисемитски напад
- Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го осуди како однапред смислен антисемитски напад, синоќешното насилство врз израелските навивачи во Амстердам по натпреварот од Лига Европа меѓу Ајакс и Макаби од Тел Авив.

Ерусалим, 8 ноември 2024 (МИА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го осуди како однапред смислен антисемитски напад, синоќешното насилство врз израелските навивачи во Амстердам по натпреварот од Лига Европа меѓу Ајакс и Макаби од Тел Авив.
Во телефонски разговор утринава со неговиот холандски колега Дик Шоф, Нетанјаху рече дека „со најголема сериозност гледа на антисемитскиот напад со предумисла врз израелските граѓани и побарал зголемена безбедност за еврејската заедница во Холандија“, соопшти кабинетот на израелскиот премиер.
Холандскиот премиер Дик Шoф ги осуди антисемитските напади врз Израелците во Амстердам на Х, рече дека е ужаснат и оти тоа што се случи е неприфатливо.
- Во близок контакт сум со сите инволвирани. Нетанјаху инсистираше сторителите на тие дела да бидат пронајдени и кривично гонети, напиша Шоф и рече дека во Амстердам сега е мирно.
Навивачите на Макаби Тел Авив синоќа се судрија со пропалестински демонстранти пред и по натпреварот од Лигата на Европа меѓу нивниот тим и Ајакс пред стадионот на Ајакс во Амстердам. јт/