Нетанјаху вели дека нападот во Катар бил 100 проценти израелска операција
- Нападот против лидерите на Хамас во Доха бил целосно израелска операција, се наведува во соопштение на канцеларијата на израелскиот премиер на англиски јазик.
Тел Авив, 9 септември 2025 (МИА) – Нападот против лидерите на Хамас во Доха бил целосно израелска операција, се наведува во соопштение на канцеларијата на израелскиот премиер на англиски јазик.
- Денешната акција против врвните терористички челници на Хамас беше сосема независна израелска операција, пишува во соопштението на канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху.
- Израел ја иницираше, Израел ја изведе и Израел презема целосна одговорност, се додава во текстот.
Израелските медиуми јавуваат дека претседателот на САД, Доналд Трамп, бил запознаен со планираниот напад и дал поддршка. јт/