Несторовски се враќа во репрезентацијата
- Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со фудбалери за контролните два натпревари против Финска на 17 ноември и Азербејџан 20 ноември на Наци

Скопје, 9 ноември 2022 (МИА) - Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со фудбалери за контролните два натпревари против Финска на 17 ноември и Азербејџан 20 ноември на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Во најдобриот состав на македонската репрезентација се враќа капитенот Стефан Ристовски, а повратник во тимот е напаѓачот на италијански Удинезе, Илија Несторовски.
На списокот на селекторот Милевски се наоѓаат следните 26 фудбалери:
Голмани: Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски, Кристијан Наумовски и Игор Алексовски.
Одбрана: Дарко Велковски, Висар Муслиу, Езѓан Алиоски, Тодор Тодоровски, Стефан Ашковски, Никола Серафимов, Кире Ристевски, Егзон Бејѕулаи и Стефан Ристовски.
Среден ред: Енис Барди, Агон Елези, Јани Атанасов, Стефан Спировски, Давид Бабунски, Бобан Николов и Елиф Елмас.
Напад: Милан Ристовски, Бојан Миовски, Александар Трајковски, Ваљон Етеми, Љупче Дориев и Илија Несторовски.
Собирот на репрезенттаивците е закажан за 14 ноември во Скопје. зс/