• вторник, 10 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Нестабилно со дожд, појава на грмежи и засилен ветер

Нестабилно со дожд, појава на грмежи и засилен ветер

Скопје, 28 март 2025 (МИА) - Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, особено попладне. Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 15 л/м2), појава на грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, особено во попладневните часови. Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 15 л/м2), појава на грмежи и засилен ветер. сст/дма/

Фото МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан