• петок, 05 декември 2025

Нертиљ Османи на чело на дебарското комунално претпријатие „Стандард“

Нертиљ Османи на чело на дебарското комунално претпријатие „Стандард“

Дебар, 26 ноември 2025 (МИА) - Нертиљ Османи е новиот вршител на должноста директор на дебарското јавното комунално претпријатие „Стандард“.

Како што информираше општинската прес-служба, назначувањето било официјализирано денеска со потпишување на решението од страна на градоначалникот на Општина Дебар, Фисник Меља, кој истото му го врачи на Османи во градоначалничкиот кабинет.

-Cо целосна одговорност и доверба во неговиот професионализам, денеска го назначив Нертиљ Османи за вршител на должност директор на JКП „Стандард“. Ова назначување претставува значаен чекор кон зајакнување на работата и зголемување на ефикасноста во јавните услуги што со право ги очекуваат нашите сограѓани, изјавил Меља.

Му посакал многу успех во оваа нова одговорна позиција, со „верба дека неговата посветеност и ангажман ќе донесат видливи, чесни и транспарентни резултати, во новата мисија во служба на Дебар“.

Османи (38) дипломирал на Факултетот за јавна администрација, преприемач и познат хуманист, кој со години го предводи хуманитарното друштво „Дрита“.

Доаѓа на местото на Бурим Каба, кој пред доаѓањето на оваа функција, во февруари 2021 година, ја обавуваше функцијата секретар на општина Дебар. вт/ев/

ФОТО: Општина Дебар

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан