• недела, 01 март 2026

Неочекувани проблеми за Филаделфија

Неочекувани проблеми за Филаделфија

Филаделфија, 1. март 2026 (МИА) – Кошаркарот на Филаделфија Џоел Ембид нема да биде на располагање на следните три натпревари во НБА лига за својот тим поради повреда на десниот мускул. Тој повредата ја доби на дуелот пред два дена на натпреварот против Мајами.

Ембид ќе ги пропушти дуелите со Бостон, Сан Антонио и Јута.

Во досегашниот дел од сезоната на 33 натпревари има просек од 26,6 поени; 7,5 скокови и 3,9 асистенции по натпревар. Неговата екипа Филаделфија се наоѓа на шестото место во Источната конференција со скор 33 победи и 26 порази. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан