Ненад Коциќ: Државничката одлука на мнозинството пратеници го отвори европскиот пат, македонскиот јазик во ЕУ
- По 17 години чекање, конечно ги започна долго очекуваните и заслужени пристапни преговори за членство во Европската унија. Во ЕУ влегуваме како Македонци со македонски јазик, со чиста форму

Скопје, 20 јули 2022
Македонското Собрание, со поддршка од мнозинството пратеници, донесе државничка одлука што обезбедува европска иднина за сите наши граѓани со заштитен македонски јазик, идентитет и култура.
По 17 години чекање, конечно ги започна долго очекуваните и заслужени пристапни преговори за членство во Европската унија.
Во ЕУ влегуваме како Македонци со македонски јазик, со чиста формулација, без фусноти, без дополнителни придавки и објаснувања.
Целата јавност можеше да види во Брисел дека македонскиот јазик е веќе дел од институциите на Европската унија, на официјалните канали на Унијата.
Гласно ечеше македонскиот јазик во ЕУ.
Во процесот успеавме да ги заштитиме националните и државни интереси, поставени со Резолуцијата што заеднички ја усвоивме овде во Собранието.
Со тоа паднаа во вода сите лаги, манипулации и хистерии што ВМРО-ДПМНЕ и нивниот проруски партнер Левица ги ширеа во Собранието и надвор од него.
Од друга страна се уште има молк од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски за срамното нивно прифаќање на ознаката НМК за време на самитот на ЕПП.
Тоа е голема разликата. Македонски јазик во ЕУ наспроти НМК на Мицкоски на конгресот на ЕПП.
Веднаш по завршување на Меѓувладината конференција, започна и процесот на скрининг кој ќе даде простор да се вклучат сите и да се отвори дијалог овде во Собранието.
Процесот на скрининг е идентичен и за нас и за соседна Албанија со што паѓа во вода уште една манипулација на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Впрочем и нивниот Илија Димовски вчера јавно призна дека почнувањето на преговорите и скринингот се де факто чекор напред.
Како парламентарно мнозинство им честитаме на сите граѓани и упатуваме благодарност до сите пратеници кои со својот глас ЗА придонесоа за реализација на втората стратешка цел на државата – членството во ЕУ.
За разлика од нив, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побегнаа од салата и воопшто не собраа храброст ниту да гласаат.
Ние, пратениците од парламентарното мнозинство ќе продолжиме посветено да работиме на спроведување на реформскиот процес кој обезбедува подобар живот за нашите граѓани и не доближува до полноправно членство во Европската унија.
Прес-конференција на пратеникот на СДСМ, Ненад Коциќ
https://www.youtube.com/watch?v=JKZVB--l-8k
————————————————————————————————————
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.