• недела, 22 декември 2024

Нема шанси новиот коронавирус да стигне до Меѓународната вселенска станица

Нема шанси новиот коронавирус да стигне до Меѓународната вселенска станица
Вашингтон, 31 март 2020 (МИА) - Мала е веројатноста новиот коронавирус да стигне до Меѓународната вселенска станица поради интензивираните мерки за безбедност, изјави медицинската сестра во НАСА, Раксана Батсманова. Таа додаде дека и во нормални услови, не само за време на пандемија, астронаутите и космонаутите се во карантин извесен период пред полетувањето и сите предмети испратени до Меѓународната вселенска станица се дезинфицираат - Во ниту еден случај вирусот не треба да пристигне до Меѓународната вселенска станица, која има сопствена атносфера, а екипажот е далеку од Земјата. Се почитуваат сите неопходни строги мерки за тоа, посочи Батсманова. Во светот досега со Ковид-19 се заразени 787.438 луѓе, од кои 37.846 починале, а 165.935 луѓе. ми/

Остани поврзан