• недела, 01 февруари 2026

Нема опасност од излевање на реката Брегалница во Штипскиот Регион

Нема опасност од излевање на реката Брегалница во Штипскиот Регион

Штип, 27 јануари 2026 (МИА) - Нема опасност за излевање на реката Брегалница на територијата на општина Штип, вели градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, за МИА. Водостојот на притоките на реката Брегалница во општините Пробиштип, Карбинци и Штип е зголемен, но нема опасност од нивно излевање од коритата.

Директорот на ЈП „Македонијапат“, подружница Штип, Влатко Цоневски, изјави дека на автопатот Штип - Скопје, експресните патишта и магистралните патишта се вози по влажни коловози и возачите треба да внимаваат и да возат со пропишана брзина. Цоневски додава дека одрони од камења и земја има на патиштата меѓу село Истибање и Македонска Каменица, како и на патот Македонска Каменица - Делчево. Одроните ги чистат четири екипи и камиони на ЈП „Македонијапат“. 

- Сега имаме мало проширување, имаме одрони и од Берово кон Струмица и на Валандовско Брдо. Најкритично е меѓу Истибања и браната „Калиманци“ или Македонска Каменица, до Делчево исто така. Моментно имаме две машини и повеќе возила, кои се на терен. Интезивно се чисти, но одроните паѓаат неконтролирано поради врнежите од дожд, кои траат повеќе од 24 часа, така што внимателно возење на сите возачи - изјави Цоневски. вдј/са/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан