• сабота, 31 јануари 2026

По интервенција на градежната механизација во Виница санирани последиците од обилните дождови

По интервенција на градежната механизација во Виница санирани последиците од обилните дождови

Виница, 31 јануари 2026 (МИА) - Градежната механизација на Општина Виница изминативе два дена беше не терен. Се работеше на повеќе локации на санирање на последиците од обилните врнежи дожд во текот претрходната недела.

 -Се соочивме со паднати дрвја и наноси во коритото на Виничка Река. Ова, на одредени места предизвика промени на  текот на реката, излевање на водата и поплави, реферира градоначалникот Митко Костадиновски.

Исто така, обилните дождови предизвикале одрони на неколку локални патни правци, што го отежнал сообраќајот и ја загрозувал безбедноста на учесниците.

После интервенцијата со градежна механизација од страна на Општината, состојбата е доведена во нормала. ис/вг/

фото: Општина Виница

 

Остани поврзан