• петок, 15 ноември 2024

Нема нуклеарен ризик по пожарот во британското бродоградилиште во Камбрија

Нема нуклеарен ризик по пожарот во британското бродоградилиште во Камбрија

Лондон, 30 октомври 2024 (МИА) - Две лица се примени во болница по пожарот што избувна во бродоградилиште во Камбрија, каде што се произведуваат британски подморници на нуклеарен погон, но нема нуклеарен ризик, соопшти денеска англиската полиција.

Полицијата во Камбрија соопшти дека кратко по полноќ во бродоградилиштето BAE Systems во Бароу-ин-Фернес, северозападна Англија, избувнал голем пожар, пренесуваат американските медиуми.

На социјалните мрежи во текот на ноќта беа прикажувани снимки што покажуваа пламен во зградата на бродоградилиштето и како се слушаат звуци на алармот за помош.

Полицијата соопшти дека две лица се пренесени во болница заради вдишување чад, но дека нема потешко повредени.

На жителите од Камбрија им е препорачано да останат внатре и да ги затворат прозорците и вратите.

Ова бродоградилиште старо 150 години, што се наоѓа на околу 350 километри северозападно од Лондон, моментално гради неколку подморници на нуклеарен погон за Кралската морнарица.

Во него, исто така, беа конструирани и четирите подморници на Обединетото Кралство што носат нуклеарни проектили.сд/

фото:ФБ

Остани поврзан