• среда, 25 декември 2024

Неколку последователни земјотреси регистрирани во централна Турција

Неколку последователни земјотреси регистрирани во централна Турција

Анкара, 21 септември 2023 (МИА) – Неколку земјотреси со јачина од 2,8 до 3,9 степени според Рихтеровата скала се регистрирани во централна Турција, информира на својата веб-страница Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Последниот земјотрес со јачина од 3,9 степени е регистриран на 117 километри северозападно од Алепо, Сирија во 20 часот и 17 минути по локално време, и на 35 километри западно од Газиантеп, Турција, на длабочина од осум километри. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан