• недела, 13 јули 2025

Неколку луѓе загинаа во поплавите во Тексас

Неколку луѓе загинаа во поплавите во Тексас

Вашингтон, 4 јули 2025 (МИА) – Обилните дождови предизвикаа излевање на локалните реки во округот Кер во американската сојузна држава Тексас, при што загинаа неколку луѓе. Локалните власти не наведоа колку смртни случаи предизвикаа поплавите.

Предупредувањето од поплави беше издадено вчера попладне за најмалку 30.000 луѓе.

Гувернерот на Тексас, Грег Абот наведе дека државата обезбедува ресурси а заедниците на повисоките места и им препорача на граѓаните да ја следат прогнозата, за да ги избегнат поплавените подрачја.

На реката Гвадалупе за само два часа забележал зголемување на новото на водата за 6,7 метри, а мерачот откажал откако биле измерени девет метри. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан