• недела, 22 декември 2024

Неколку загинати откако цивилен хеликоптер удри во столб во Хјустон, експлодирал и се запалил

Неколку загинати откако цивилен хеликоптер удри во столб во Хјустон, експлодирал и се запалил

Хјустон, 21 октомври 2024 (МИА) - Неколку лица, меѓу кои и едно дете, загинаа синоќа кога хеликоптер удри во столб на предавателот во Втората област на градот Хјустон, Тексас, предизвикувајќи експлозија и уривање на конструкцијата, изјави денеска градоначалникот на Хјустон, Џон Вајтмир.

„Несреќата се случи во близина на раскрсницата на улиците 'Енгелке' и 'Норт Енис' околу 20 часот по локално време, предизвикувајќи голема и многу бучна експлозија“, рече Вајтмир на прес-конференција, пренесе Си-Ен-Ен.

Властите не прецизираа колку луѓе загинале, но според началникот на полицијата во Хјустон, Ноа Дијаз, четири лица биле во приватен хеликоптер „Робинсон Р44“.

Градоначалникот рече дека најверојатно хеликоптерот полетал од аеродромот „Елингтон“, кој се наоѓа на околу 27 километри јужно од местото на несреќата, но дестинацијата засега е непозната.

„Ова е трагичен настан и трагична загуба на животи“, рече началникот на полицијата во Хјустон, Дијаз, а градоначалникот Вајтмир потврди дека луѓето кои живеат во близина на местото на несреќата се безбедни. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан