Неколкумина приведени во Иран по протестите поради убиството на студентка
- Неколку лица се приведени во Иран по протестите поради убиството на студентка, јави ДПА.
Техеран, 25 февруари 2025 (МИА) - Неколку лица се приведени во Иран по протестите поради убиството на студентка, јави ДПА.
-Преземени се неопходни мерки против оние кои се обидоа да го нарушат јавниот ред и да ја загрозат безбедноста на општеството, рече портпаролот на судството, Асгар Џахангир, според извештајот објавен денеска од иранските медиуми.
Џахангир рече дека мал број луѓе биле вклучени.
Грабежот и убиството на 19-годишната студентка пред речиси две недели предизвика негодување низ целата земја.
Младите протестираа пред универзитетскиот комплекс во Техеран, извикувајќи слогани против режимот во Исламската Република, критикувајќи ја улогата на државата и барајќи поголема безбедност за студентите.
Властите најавија апсење на осомничените во случајот пред една недела. Според истрагата, нападнатата студентка се спротивставила на кражбата на лаптопот и мобилниот телефон, а како одговор двајцата осомничени мажи двапати ја прободеле со нож.
Во септември 2022 година, смртта на младата иранска курдка, Махса Амини во полициски притвор предизвика протести низ целата земја. мс/
фото: МИА архива