• петок, 22 ноември 2024

Неколкудневни рестрикции во водоснабдувањето во Росоман

Неколкудневни рестрикции во водоснабдувањето во Росоман

Росоман, 17 јули 2023 (МИА) - Рестрикции во водоснабдувањето се воведуваат во Росоман, поради недостаток на вода за пиење, информираа попладнево од росоманската локална самоуправа. 

- Веќе извесен период високите зони во село Росоман се соочуваат со проблеми во водоснабдувањето, па заради тоа ЈПКД „РОСОМАН” - Росоман почнувајќи од денеска, ќе врши рестрикции во водоснабдувањето. Во деновите понеделник, среда, петок и недела во период од девет до 21 часот, без вода за пиење ќе бидат улиците „Гоце Делчев", “Страшо Пинџур", „11 Октомври", „Цандо Кузманов" и делови од улиците „Партизанска" и „Душан Ќириќ", соопштија од Општина Росоман. 

Улицата „Пере Тошев" и дел од улицата „Маршал Тито" во понеделник, среда и петок, без вода за пиење ќе бидат во периодот од 15 до 21 часот, а во недела од девет до 21 часот. свд/фф/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан