• недела, 12 мај 2024

Неизвесно одигрувањето на плејин натпреварот во Евролигата меѓу Макаби и Басконија

Неизвесно одигрувањето на плејин натпреварот во Евролигата меѓу Макаби и Басконија

Тел Авив, 14 април 2024 (МИА) – Во пресрет на плејин натпреварот со Басконија во кошаркарската Евролига, Макаби се соочува со логистички тешкотии поради ситуацијата во Израел. 

Израелскиот воздушен простор беше затворен поради конфликтот со Иран.  

Макаби денес треба да одлета во Белград за да игра со Басконија.

Средбата со Басконија во рамките на плеј-инот во Евролигата е закажана за вторник на 16 април и може да биде одложена.

Вчера Макаби одигра натпревар против Хапоел во рамките на израелското првенство. Екипата на Тел Авив победи со резултат 91:82. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан