• сабота, 23 ноември 2024

Незири: Срамен договор меѓу правосудниот систем и Сашо Мијалков

Незири: Срамен договор меѓу правосудниот систем и Сашо Мијалков
Скопје, 8 јули 2022
Денеска бевме сведоци и на еден срамен договор меѓу правосудниот систем и еден од криминалците на двата последователни режими, Сашо Мијалков. Додека стотина Албанци добија драконски казни за фрлање јајца на протести, доживотен затвор во монтирани процеси, Сашо Мијалков, кој изгради Империја на криминал и корупција, се спаси со само 3 години затвор. За да биде иронијата поголема, тој е казнет и со 36 милиони евра, додека истото лице е обвинето за злоупотреба на стотици милиони евра.
Јавно прашуваме дали Артан Груби се разбирал со Сашо Мијалков, или Али Ахмети на тајни средби со амбасадорите на Русија и Србија.
Како и да е епилогот веќе е јасен, Сашо Мијалков е на слобода, а Албанците во затвор.
Аднан Незири, пратеник од Алијанса за Албанците
___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан