• недела, 22 декември 2024

Независниот синдикат за здравство задоволен од постигнатиот договор со Владата за покачување на платите за вработените во секторот

Независниот синдикат за здравство задоволен од постигнатиот договор со Владата за покачување на платите за вработените во секторот

Скопје, 19 ноември 2024 (МИА) - Претседателот на Независниот синдикат на здравствени работници Боби Бојчевски, денеска во име на членството јавно изрази благодарност до премиерот Христијан Мицкоски и до Владата за постигнатиот договор со синдикатите во здравствениот сектор за измени во колективниот договор што овозможува зголемување на платите за вработените во здравствениот систем.

Според Бојчевски, станува збор за едно од најголеите покачувања на платите на сите вработени во здравствениот сектор.

- Владата беше доблесна, ги сослуша нашите маки и сака да ги среди работите. Наредните четири години ќе дојде до покачувања до 50 насто на платите за сите вработени, од административно-техничкиот до медицинскиот персонал, рече тој во изјавата дадена за медиумите.

Тој посочи дека во разговорите со претставниците на Владата била потврдена подготвеноста на институциите системски да се решава и прашањето околу статусот на вработените со договор на дело со здравствениот систем.

- Решението на нивниот статус ќе се решава дали со трансформација или со огласи, наредните месеци ќе ги добиеме информациите. И самиот министер за здравство најави вработувања во здравството за околу 1300, 1400 лица. Досега тие беа духови, луѓе кои работеа без плата, без здравствено и пензиско осигурување, луѓе изманипулирани од претходната власт, рече Бојчевски.

Синдикатите на вработените во здравствениот сектор и Владата денеска соопштија дека е постигнат договор за измени во колективниот договор што овозможува зголемување на платите за вработените во здравствениот систем.

Согласно потпишаниот договор, со анекс на колективниот договор за вработените во здравствениот систем се врши корекција на коефициентите на платите за вработените во секторот. 

Предвидена е корекција на коефициентот 0233 односно повисока бруто-плата за сите вработени за 3.650 денари односно 2.450 денари на нето-примањата. Допоолнително, постигнат е и договор за корекција и на коефициентот на примањата кај медицинските сестри и останатиот кадар со средно образование, што предвидеува покачување на платите за 5700 во бруто односно 3850 денари во нето-примањата. аб/нд/

фото/скриншот

 

Остани поврзан