Независниот кандидат за градоначалник на Дебар, Имери, со апел до граѓаните да ја изберат иднината со срце
- Независниот кандидат за градоначалник на Дебар, Рамадан Имери, упати апел до граѓаните да ја изберат иднината со срце.
Дебар, 26 септември 2025 (МИА) - Независниот кандидат за градоначалник на Дебар, Рамадан Имери, упати апел до граѓаните да ја изберат иднината со срце.
-На прагот на предизборната кампања, сè изгледа мирно и нормално, имајќи предвид дека сите сме цивилизирани луѓе. Упатувам апел до сите граѓани да се чувствуваат смирено и да ја изберат својата иднина со срце, земајќи ги предвид делата, а не празните зборови, наведува Имери.
Имери кој кампањата ја води под слоганот „Решение за Дебар, не празни зборови", додава дека заедно со неговиот тим секојдневно се на располагање на граѓаните, за да ги слушнат нивните идеи, совети и предлози, кои „како што знаете, ги реализирам кога ќе ги прифатам".
-Време е заедно да се издигнеме, надвор од политичките бои, бидејќи станува збор за нашата иднина и за поколенијата што ќе ги оставиме зад себе. Ги отворам вратите за решенија за Дебар, а не за празни зборови. Дебар, на прво место, со љубов, искреност и бескрајна посветеност, посочува тој.
Пред граѓаните, вели, сум без партија, без скриени интереси, со една јасна цел, да им служам на сите граѓани со чесност, одговорност и целосна посветеност.
- Човек сум на зборот и на честа. До денес, никогаш не сум се откажал од дадениот збор. Она што сум го ветил, сум го исполнил. Она што сум можел, сум го давал од срце. Сум помагал без камери, без врева, без лични интереси, едноставно затоа што така ми кажува совеста и затоа што така сум воспитан: прво да бидам човек, посочува Имери.
Според него, Дебар повеќе нема време за празни ветувања, „потребно му ново раководство, чесно, одговорно и блиско до граѓаните, градоначалник кој не се појавува само за време на избори, туку стои секојдневно покрај народот – и во добро и во лошо".
Имери (46) е актуелен директор на дебарската гимназија "28 ноември", пред тоа директор на деветолетката „Пенестија". вт/дма/
Фото: Имери ФБ