Неделава променливо облачно и нестабилно време
- До крајот на оваа седмица ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Скопје, 23 април 2025 (МИА) - До крајот на оваа седмица ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. сст/мд/
Фото МИА архива