Неготинскиот градоначалник пријавил заканувачки пораки
- Неготинскиот градоначалник Горан Стојанов во полиција пријавил заканувачки пораки.
Неготино, 4 септември 2025 (МИА) - Неготинскиот градоначалник Горан Стојанов во полиција пријавил заканувачки пораки.
Од Секторот за внатрешни работи - Велес денеска информираат дека Г.С., на 47-годишна возраст, градоначалник на општина Неготино, пријавил дека на неговиот профил на социјална мрежа добивал пораки со заканувачка содржина.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот. свд/бд/
Фото: МИА архива